Секс митови за посилниот пол

452
Sex

Мит 1. Мажите секогаш се подготвени за секс

Не е точно. Се разбира дека жените се почувствителни, но и мажите не се рамнодушни на стресот и заморот. Тоа влијае на нивното либидо. Затоа, наредниот пат кога тој не е расположен за секс – не паничете. Тоа не мора да значи дека имате проблем.

Мит 2. Мажите никогаш не глумат оргазам

Не се само жените актери во сексот. Иако поретко се случува и мажите може да глумат дека ја достигнале точката на кулминација. Само 47% од мажите доживуваат оргазам со вагинална пенетрација, а 3% од мажите признаваат немаат доживеано оргазам за време на сексуален однос.

Мит 3. Ејакулацијата значи оргазам

Не мора да значи дека е така. Ејакулацијата и оргазмот кај мажите не се случуваат секогаш истовремено. Некои мажи достигаат до оргазам без да ејакулираат. Сепак, најчесто ејакулацијата се случува во исто време со оргазмот.

Мит 4. Мажите би биле пресреќни ако ја прескокнат предиграта

Голем дел од жените сметаат дека мажите за време на сексот мислат само на оргазам и прават сè само да го достигнат. Денес мажите обрнуваат многу повеќе внимание на предиграта, не само затоа што знаат колку е посакувана од жените, но и поради тоа што не треба постојано да мислат на нивната ерекција.

Мит 5. Отсуството на ерекција значи отсуство на желба за секс

Жените многу често брзаат да донесат заклучоци кога мажот има проблеми со ерекцијата. Веднаш им доаѓа на ум дека тој не е доволно заинтересиран и не ги смета за привлечни. Но, вистината е дека постојат многу работи кои можат да бидат причина за отсуството на ерекцијата. Дури 48% од мажите признаваат дека имале проблеми со ерекцијата. Мажите не се роботи. Многу фактори како стресот, заморот, срамежливоста и друго влијаат врз него и врз неговото либидо.