Селма Хајек ги „засени“ сите! (ФОТО)

138

Глумицата Селма Хајек на синоќешното доделување на Оскарите имаше најскап стајлинг, објавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека само дијамантите на нејзиниот грб чинат 4,2 милиони долари.

Селма блескаше, но овојпат буквално. Исклучително заводлива и шармантна, таа успеа да го привлече вниманието на објективите, но сепак нејзиниот стил ја вброи во најлошо облечените на свеченоста, коментираат критичарите.

Долгиот светкав розев фустан во слоеви потсетуваше на барокен лустер, па според многумина, тоа ја уништила модната идеја на глумицата.

Екстравагантната „Гучи” тоалета, потпишана од дизајнерот Алесандро Микеле, била нејзин избор и идеја.