Сестрите Вилијамс повторно ќе играат една против друга

137

Серена и Венус Вилијамс ќе се сретнат во третото коло на Индијан Велс откако двете успешно ги поминаа и вторите натпревари.

По победата во воведниот меч, Серена Вилијамс ја совлада и Кики Бертенс со 2-0 во сетови, но многу потешко со 7-5 и 7-6.

Во следното коло Серена ќе се сретне против својата сестра Венус Вилијамс која беше подобра од Кирстеа со 6-3 и 6-4.

Ова ќе биде 29. меѓусебен дуел на сестрите Вилијамс на тениските терени. Серена има 17 победи, Венус триумфирала 11 пати.