Сестрите Кортни и Кендал позираа во бикини на снег (ФОТО/ВИДЕО)

178

Манекенката Кендал Џенер имаше навистина интересни празници. Кендал е една од најплатените манекенки на светот, која празниците ги помина заедно со семејството, но тоа беше сè само не типично семејно одбележување на божиќните празници.

Имено, Кендал Џенер за оваа пригода носела зелена тоалета од Кристијано Сириана, а својата раскошна облека му ја покажа и на Дедо Мраз.
Манекенката после средбата со Дедо Мраз се спушти со санка на снежната патека која беше поставена во дворот на домот на Ким и Каније, па кога се спушти тоа баш и не беше успешно, па убавицата заврши со лицето во снегот.
Моментално семејството Кардашијан/Џенер е на зимување во Аспен, а презгодната Кедал не остана мирна па позираше во бикини на снегот. Истото го направи и нејзината сестра Кортни Кардашијан.