СЕХА: „Вардар“ старо-нов шампион

153

„Вардар“ по четврти пат успеа да ја освои СЕХА-лигата и да стане најтрофејниот тим во ова натпреварување. Црвено-црните се најдоа на врвот во првата, третата, шесттата и седмата сезона на оваа лига.

Ова беше само загревање за предизвиците кои следат до крајот на сезоната. „Вардар“ ја заврши оваа сезона во СЕХА лигата без ниту еден пораз, имаше вкупно 19 победи и само 1 нерешен резултат.