СЕХА ЛИГА: „Вардар“ ќе ги одмери силите со „Мешков Брест“

177

„Вардар“ од денеска до недела ќе биде домаќин на завршниот турнир во регионалната ракометна СЕХА лига. На турнирот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ покрај „црвено-црните“, кои се бранители на титулата, ќе настапат и „ППД Загреб“, „Мешков Б РЕСТ “ и „Целје“’.

Актуелниот европски првак „Вардар“ е најтрофеен клуб во историјата на СЕХА лигата со три титули, две има „Веспрем“ и една „Загреб“.

Натпреварите од полуфиналната фаза се играат денеска, и тоа „Вардар“ и „Мешков Брест“ од 17:45 часот, а „Загреб“ и „Целје“ од 20:15 часот.

Во недела во истите термини ќе се одиграат натпреварите за третото место и финалето.

Скопје по 2013 година повторно е домаќин на овој турнир.