СЕХА ЛИГА: Ќе биде ли „Вардар“ по четврти пат на прво место?

55

Екипите на „Вардар“ и „ППД Загреб“ вечерва со почеток во 20 часот и 15 минути ќе играат во финалето на регионалната СЕХА лига.

Ова е исходот по одиграните дуели од полуфиналето на завршниот Ф4 турнир што се одржува во СЦ Јане Сандански во Скопје во кои актуелниот првак Вардар лесно со 33-24 го совлада Мешков Брест, додека ППД Загреб со 29-28 беше подобар од словенечкиот тим Цеље.

Така Вардар и Загреб кои се единствените два тима кои учествувале на сите седум завршни турнири, втор пат ќе се судрат во финалето.

„Ова е вторпат да играме со Загреб во Скопје, првиот пат не успеавме да победиме и имавме лошо искуство, но сега ќе ја израдуваме публиката и ќе го одбраниме трофејот. Загреб добро го знаеме, играме меѓусебе подолго време и во вакви натпревари секогаш клучни се моменталните желба и мотив“, изјави Стоилов.

За „црвено-црните“ дуелот со хрватскиот тим е последен тест пред четвртфиналната битка против Кил во Лигата на шампионите, па одбраната на титулата ќе биде мотив плус.

„Историјата се повторува, бидејќи уште еднаш ќе се соочиме со Загреб во СЕХА финалето тука во Скопје. Бев во составот на Вардар, кога не успеавме да го освоиме пехарот пред пет години и дефинитивно не би сакал да се повтори истото. Сакам да ја освоиме СЕХА. Ова навистина ќе значи многу за нас и, се разбира, ќе дадеме сé да го завршиме турнирот на вистински начин. Завршницата за нас ќе биде увертира пред четвртфиналето на Лигата на шампионите“, изјави Игор Карачиќ.

Вардар ќе има шанса да постане вториот тим во регионалното натпреварување кој успеал две години по ред да го подигне пехарот, по Веспрем.

Инаку „Црвено-црните“ имаат три шампионски титули (2012, 2014 и 2017), додека Загреб победи (2013).
Претходно од 17:45 часот во меч за трето место ќе играат „Целје“ и „Мешков Брест“.