СЕХА: „Металург“ го пречекува „Мешков Брест“

92

Металург“ денеска (17.30 ч.) во Скопје го пречекува „Мешков Брест“, во натпреварот од регионалната СЕХА лига. Но, интересно е што белорускиот првак денеска, само час и половина пред дуелот во Скопје игра уште еден натпревар на оддалеченост од 2.095 километри, во Гомељ во домашниот шампионат.

Бидејќи „Мешков Брест“ покрај настапот во СЕХА лигата има обврска да игра и во првенството на Белорусија, а во календарот нема многу простор за отстапки, белорускиот состав ќе ги одуигра и двата натпревари во ист ден. Еден дел од тимот под водство на тренерот Сергеј Бебешко ќе игра во Гомељ, а 11 играчи предводени од Андреј Мочалов и Павел Башкин ќе играат со „Металург“ во Скопје.