СЕХА потврди дека ракометот е спорт број еден во Македонија

85

Раководството на ракометната регионална СЕХА лига одлучи РК „Вардар“ да биде ко-организатор на завршниот турнир што треба да се одржи во периодот од 13 до 15 април во салата во СЦ „Јане Сандански”.

– Голема чест е што Скопје по вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Тоа е уште една потврда дека ракометот е спортот број еден  во Македонија, а „Вардар“ е тим што е препознатлив не само на овие простори туку и во европски и светски рамки. Трите освоени титули во СЕХА Газпром лигата на „Вардар“ е обврска плус бидејќи сега ќе играме пред домашна публика, велат од таборот на македонскиот шампион.

Дополнително ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Познато е дека „Вардар“ влегува како првопласиран и ќе го чека четвртопласираниот тим.

Другите три екипи што ќе играат на Ф4 турнирот се ППД Загреб, Мешков и Целје.