СЕ ИЗВИНИЈА ЗА НАВРЕДЛИВАТА СЦЕНА: „Зајакот Питер“ ги исмева децата со алергии

150

Продуцентите на филмот „Peter Rabbit“ се извинија за контроверзната сцена, во која ликот алергичен на боровинки, е опсипан со истите плодови.

Имено, од продуцентската куќа „Сони Пикчрс“ изјавуваат дека „алергиите од храна се сериозен проблем“, со кој не треба да се шегуваме, „дури ни во детски манир, карактеристичен за цртаните филмови“.

Сцената предизвика многу негативни реакции на социјалните мрежи, по објава на американското здружение „Деца со алергии на храна“ на нивната „Фејсбук “страница.

 

– Искрено жалиме оти не бевме посвесни и почувствителни околу тој проблем. Навистина се извинуваме, се наведува во соопштението на „Сони“.

Премиерата на анимираниот филм беше прикажана викендов.