Се урна авион на акробатска група на британското воено воздухопловство

316

Авион на акробатска група „Црвени стрели“ на британското воено воздухопловство  се урна во близина на базата „Вели“ во Велс, и се уште не е јасно дали двајцата пилоти успеале да се катапултираат, јави Би-Би-Си.

Британското Министерство за одбрана потврди дека се работи за авион од типот „јастреб“ и наведе дека на местото на несреќата ведаш се упатиле спасувачки екипи.

Во авионот имало двајца членови на екипажот, а сведоци изјавиле дека виделе само еден падобран, пред леталото да падне на земја.

Портпаролот на Кралското воено воздухопловство (РАФ) изјави дека инцидентот се истражува и оти „би било несоодветно да дава каков било коментар“.

Се претпоставува дека авионот се враќал во својата матична база од „Вели“ која се користи за обука на пилоти и летачки персонал, и каде се спроведува обука за планински и поморски операции.

Акробатската група „Црвени стрели“ се најпознатата акро-група на Кралското воено воздухопловство која изведува акробации во авиони од типот „јастреб“.