Се урна бугарски воен хеликоптер, загинаа двајца пилоти

196

Бугарски воен хеликоптер се урна синоќа во воздухопловна база во близина на јужниот град Пловдив за време на рутинска вежба. Во несреќата загинаа двајца пилоти додека еден член на екипажот е повреден, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Хеликоптерот Ми-17 од руско производство летал околу 50 минути по што се урнал околу 20.30 по локално време. Истрагата е во тек.

Во јули лани, воен хеликоптер се урна во Црно Море во близина на бугарското крајбрежје за време на тактички вежби и притоа загина еден офицер додека двајца беа повредени.