СКОПЈЕ ВЧЕРА: Шест сообраќајки, петмина повредени, 119 возила ги собрал „пајакот“

68

Шест сообраќајни незгоди се случиле вчера на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје, од кои една со тешки телесни повреди, четири со лесни телесни повреди и една со материјална штета, информира МВР.

Седумнаесет возачи се санкционирани бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 11 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, додека двајца го управувале возилот под дејство на алкохол.

Единаесет возила се исклучени од сообраќај, бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола, а четворица возачи се санкционирани, бидејќи поминале крстосница на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 91 мандатни платни налози, додека 119 возила се подигнати со „пајак“.