СКОПЈЕ: Казни за 82 возачи за непрописно паркирање

122

Еден пешак е потешко повреден, а четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно единаесет сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки.

Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека 47 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени еден возач кој возел под дејство на алкохол, 18 кои возеле пред да се стекнат со правото да управуваат со возило и еден почетник. Тројца возачи поминале крстосница на црвено светло, а петмина не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Од сообраќај се исклучени и 22 возила од кои две неисправни и 20 нерегистрирани.

Сообраќајната полиција казнила 82 возачи за непрописно паркирање, а 61 возило се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Кај пешаците, шест поминале коловоз вон пешачки премин и шест на црвено светло.

Единаесет лица со мотор, мопед или мотоцикл не користеле заштитен шлем.