Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес со најголем број случаи на коронавирус – заболени над 200 деца

70

Нови 62 случаи на коронавирус потврди вчера Институтот за јавно здравје. Најголем дел од заболените се од Скопје (38,7%), а голем број случаи се регистрирани и во Штип и Тетово. Во земјава од појавувањето на првиот случај детектирани се вкупно 2.226 позитивни лица на Ковид-19.

Од новозаболените 62, регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група од 40-49 години со 14 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 33 лица од женски и 29 од машки пол. Од вкупниот број на нови регистрирани случаи, 42 имаат контакт со потврден случај.

 

Вчера пријавени се 2 смртни случаи, од Гостивар и Струга . Случаите се на возраст од 60-64 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во ОБ Гостивар и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Еден имал пропратни коморбидитети, а немале контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.

Од вчера извршениот таргетиран скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје, Тетово, Прилеп и Битола) не се регистрирани позитивни случаи.

Во Македонија, од вкупниот број на заболени лица, случаи на коронавирус се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 483 (21,7%), кај возрасната група од 50-59 години (452 заболени). Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 93 и 109 случаи соодветно.

Од пријавените случаи, 25,8% (n=574) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 94 лица, а од нив 26 се на кислородна поддршка и 11 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,7%), кашлица (52,9%), малаксаност (39,8%), треска (19,2%), главоболка (15,2%), отежнато дишење (14,9%) и болка во грло (14,2%).

Кај 717 или 32,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 513 или 75,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 266 (11,9%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во Македонија вкупно се регистрирани се 133 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=85) . Регистриран е 91 смртен случај кај лица од машки и 42 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 100 (75,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=68), дијабет (n=26) и белодробна болест (n=24). Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,8%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 124 (93,2%) починале за време на хоспитализација.

Извршени се вкупно 29.575 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 541 лице (24,3%) се активни случаи, 1.552 случаи (69,7%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 341 (22,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.211 (78,0%) биле на домашно лекување.