Скопје повторно е најзагадено место во светот

463

Скопје синоќа пак се искачи на првото место по загаденост во светот. Индексот на загадување беше 266 што се смета за многу висок и опасен за здравјето на граѓаните.

Податоците објавени на страницата „Ер Вижал” покажуваат дека и синоќа и денеска, Скопје се наоѓа високо на листата на најзагадени градови. Изутрината потешко се дише само во Казахстан и Индија. Индексот на загадувањето е 249.