Скопје танцов театар на престижниот „Holland Dance Festival“

28

Скопје танцовиот театар на 9 и 10 февруари ќе настапува во Корзо театарот, во рамите на престижниот холандски „Holland Dance Festival“, а ќе се претстави изрази со претставата „КОЖА“, со три кратки кореографии.

Во претставата учествуваат Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хиса, Анастасија Данчевска, Јована Зајкова, Сара Цветковска, Бобан Русески и тереза Лазарев.

Корзо театарот во Хаг, градот на танцот, е препознатлив по својот авантуристички предзнак „откривање и поддржување на млади таленти и нови авант-гардни продукции“.

Фестивалот, во овогодинешната програма постави инзвонредни танцови компании и исклучително кореографски имиња, меѓу кои и Матц Ек, Јиржи Килијан, Ана Лагуна, Балет Биариц, легендарната „Марта Греам“ компанија од Њујорк, Како и „Пиксел“ на Мурад Мерзуки.