„СЛОВЕНИЈА ЌЕ ПАДНЕ“: Фалангата го окупира Загреб! (ФОТО)

316
(Фото: РипостМК/Игор Паневски)

Македонските навивачи пристигнаа во Загреб за да ги бодрат нашите ракометари на европското првенство. Натпреварот стартува во 19.30 часот, а противник ни е Словенија против која последен пат забележавме победа на ЕП во Србија.

Во барот „Роко“ лоциран на неколку километри од „Арена“ формирана е и македонска фан-зона, каде навивачите, кои пристигнаа со автомобили и автобуси, се собраа во голем број, загревајќи ја атмосферата пред да се упатат кон салата каде „воините“ ќе водат битка со избраниците на Веселин Вујовиќ.

Вечерашниот натпевар е шанса да стигнеме до многу важна победа која може да го отвори нашиот пат за што повисок пласман во Хрватска.

(Фото: РипостМК/Игор Паневски)

За исполнување на целта потребна е поддршка од целокупната македонска јавност, и секако од македонската ракометна фаланга на трибините во загребска „Арена“ која порачува „Словенија ќе падне!“.