СОБРАНИЕ: Расправата за законот за јазици продолжи со исти тези

18
Sednica_sobranie

Пратениците и денеска со иста реторика за законот за употреба на јазиците. На расправата во Собранието власта и опозицијата ги повторија спротивставените ставови.

Навлегуваме во фаза на градење доверба меѓу заедниците. Сакаме подобар систем, подобри закони, подобар живот за сите. Да испратиме порака дека Собранието ќе им ги гарантира сите права на граѓаните, независно од кој етникум доаѓаат и на кој јазик зборуваат, порача владејачкото мнозинство на денешната расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците.  

Опозицијата повторно го искажа ставот дека законот е неуставен, дека нема да биде применлив и дека ќе резултира со дополнителни фрустрации кај граѓаните. Решението, истакнаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, е предложено набрзина и со предзнак европско знаме, што предизвика дополнителен сомнеж и страв кај дел од јавноста. Затоа, во втората фаза треба да се надгради со елементи кои дополнително ќе ги засилат граѓанскиот и мултиетничкиот карактер на државата.

– Прашањето за јазиците треба да уреди, но на поинаков начин. Да размислиме, дали и колку е оправдано да бидеме заробеници на бројки зашто демоктаријата и човековите права не зависат од религијата, бојата на кожата, а најмлаку од процентуалната застапеност, тие права ги заслужува секој, независно колку е застапен, рече Емил Димитриев.

Според него, употребата на мајчиниот јазик е основно човечко право и на него треба да смета секој поединец. И да е сам во државата, треба да има еднакви права со останатите.

– Македонија достигна едно ниво во меѓуетничките односи, но со овој закон ќе го бетонираме на основи кои се тотално апсурдни. Единствена перспектива е да изградиме граѓанско, мултиетничко општество во кое поединците ќе се чувствуваат рамноправно. Затоа аперлирам оваа дискусија за законот да се искористи во тој правец, подвлече Димитриев.

Реплицираше Петар Атанасов, костатирајќи дека токму поради власта на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија 16 години е заробеник на системот на бројки и проценти.

– Да направиме добар закон, што ќе се спроведува. Тоа е нашата задача. Можеме да одиме само напред, но заеднички. Да го подобриме законот за доборот на сите нас, истакна Атанасов.

Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека вакво суптилно и сензитивно прашање требаше да се постави јавно, транспарентно, и да ги мине сите процесдури.

– Овој требаше да биде закон на помирување, на ставање ад-акта на сите етнички прашања, консензуален. Но, вака дефиниран, ќе создаде дополнителни фрустрации и ќе покаже дека не сме ги научиле грешките од минатото, укажа Манојлоски.

Реагираше Павле Богоевски, нагласувајќи дека не се согласува со ваквиот став.

– Употребата на јазиците значи дека мора да тргнеме од практичната потреба, на терен. Се што е повеќе од тоа, особено политичкото калкулантство и манипулација, не само што е однапред осудено на неуспех, туку ќе придонесе и грам повеќе во меѓуетничкото несогласување, рече Богоевски и дополни дека мнозинството не е убедено во спроведливоста на законот и затоа очекува амандманска расправа.

Пратениците од албанскиот блок се согласија дека законот за употреба на јазиците е цивилизацика придбовка, чекјор напред во современата демократија на државата. 

– Ова е право кое ни припаѓа и кое ни припаѓало секогаш, но било негирано. Припадниците на македонската заедница не сакаат да се соочат со реалноста, дека општеството е изградено и од Албанците кои тука живееле се векови и тоа треба да се почитува. Не бараме ништо повеќе од она што ни припаѓало во минатото, посочија пратениците.

Како што нагласи Џевад Адемида се зборува за страв е субјективно и работа на лична перцпеција.

– Се испраќа крива слика за реалноста особено од Македонците кои живеат во средина каде има Албанци. Нема да прифатам да се шири клима на недоразбирање, законот  е потреба за односите меѓу граѓаните Албанци и Македонци, придобивка за почитта, односите, соживотот, подвлече Адеми.

Откако беше прекината поради локалните избори, расправата за јазиците продолжи вчера.