Содржи 1,2 милиони книги: Најубавата библиотека се наоѓа во Кина (ФОТО/ВИДЕО)

84

Најубавата библиотека на светот се наоѓа во Кина, ова е рајот на љубителите на пишаниот збор. Сместена е во културниот округ Бинхај во Тијанџин. Се простира на 34,000 метри квадратни и на нејзините полици може да се наредат точно 1,2 милиони книги.

Биле потребни три години за да се изгради, а во нејзин склоп влегуваат повеќе катчиња за читање, централен дел за опуштање, канцеларии, простории за состаноци, како и аудио/видео соби на најгорниот кат.

Библиотеката се состои од така наречени „пет приказни” и е дизајнирана од холандска фирма за дизајн MVRDV во соработка со урбанистичкиот институт на Тиајнџин и е наречено “Окото на Тијанџин”.