СОНЧЕВ ЧЕТВРТОК: Температурата денеска до 29 степени

36

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, дневната од 21 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во петок времето во поголем дел од земјава ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне можна е појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во наредните денови попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.