СОПРУГОТ ЈА ПРЕПОЗНАЛ: Телото на професорката Снежана Тројачанец пронајдено во Вардар

105

По два дена  случаен минувач го пронашол телото на Снежана Тројачанец (52)  од Скопје , во водите на реката Вардар во билзина на хотелот „Александар палас“, потврдија од МВР за РипостМК.

– На 6 декември 2017 година, околу 14 и 30 часот во водите на р. Вардар пронајдено е мртво женско тело. Од страна на екипата на СВР- Скопје извршен е увид на лице место, а телото е препознаено од страна на сопругот на сега починатата С.Т. – велат од полицијата.

Телото е предадено на обдукција. 

Тројачанец беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна, а според пријавата во МВР таа пред два дена излегла од дома во 6 часот наутро и се упатила во непознат правец. Снежана се лекувала од депресија.

Од семејството им се заблагодарија на сите граѓани кои се вклучија во потрагата и им понудија помош.