СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ГОДИНАВА : Започнува Светскиот економски форум во Давос

218

Во Давос од денеска до 25 јануари се одржува економскиот форум каде ќе бидат светските челници и на кој ќе се зборува за стратегии за иднината и ќе се обиде да се најдат одгвоори за актуелните проблеми. Овогодишниот состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос ќе биде фокусиран на долгорочни глобални проблеми како климатските промени, најавуваат организаторите пред собирот и на кој нема да бидат дел од клучните светски лидери.

Меѓу 3.200 претставници нема да бидат шефовите на држави на САД, Франција Русија и Кина. Ниту еден од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Американскиот претседател откажа присуство во Давос поради блокадата на владата заради изградбата на ѕидот на границата со Мексико, додека неговиот француски колега Емануел Макрон има работа со протестите на „Жолтите елеци”.

На форумот на бизнис лидери и политичари во швајцарските Алпи, ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот пемиер Шинѕоп Абе, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

– Ако погледенете наоколу ќе видите дека сите се фокусирани на средување кризи, вели основачот на WEF, Клаус Шваб. – Во Давос сакаме долгорочен поглед на тоа.

Темата на овогодишниот состанок е: „Глобализација 4.0 – Обликување на светската архитектура во време на четвртата индустриска револуција”.

Високи претставници на меѓународни организации, како што се директорот на ММФ, Кристин Лагард, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на НАТО, Јенс Столтенберг, во Давос ќе се соочат со опасностите од појавата на целосна трговска војна и зголемената политичка тензија помеѓу светските сили, како што беше предупредено од извештајот на Форумот, објавен во пресрет на собирот.

Анкетата спроведена од страна на организаторите на Форумот меѓу илјадниците креатори на политиката, академици и бизнис лидери е, според американскиот „Волстрит Џурнал”, дека кибер-нападите и климатските промени се високо на листата на потенцијални опасности.

Берге Бренда, претседавач на Форумот, затоа, во изјава вели дека повеќе од кога било досега постои итна потреба да се обнови архитектурата на меѓународната соработка.

Но, до 25-ти јануари, околу 3.000 учесници на собирот во Давос тешко дека ќе најдат решенија за тие сериозни глобални ризици. Дури и девет од десет испитаници очекуваат дека односите меѓу водечките светски сили ќе се влошат во 2019 година. Покрај тоа, 88 отсто од нив очекуваат понатамошна ерозија на мултилатералните трговски прописи и договори.

– Се чини дека постои недостаток на колективна волја за справување со глобалните ризици. Наместо тоа, поделбите се продлабочуваат, се вели во извештајот, додавајќи дека колапсот на меѓународната соработка достигна „нивоа на криза” и ќе продолжи да спречува меѓународни акции за справување со кризата во оваа година.