Спанаќот го регулира крвниот притисок

103

 За побрзо полесно подобрување на здравјето и физичкиот изглед, спанаќот треба да биде почесто присутен во исхраната.

Консумирањето спанаќ е едноставен начин да се спречи развој на канцерогени клетки. Зелјестиот зеленчук треба да го има во секојдневното мени. Спанаќ, кељ, зелка, марула – сите тие содржат каротеноиди, пигменти кои имаат антиоксидантно дејство. Според Американскиот институт за проучување на ракот, овој пигмент го спречува ракот на грлото, усната шуплина, го забавува ракот на дојка и ракот на белите дробови.

Спанаќот треба да се јаде и заради витаминот К, значајна состојка во одржувањето на здравјето на коските. Овој витамин влијае и на цврстината на косата и ноктите.

Ова зелјесто растение има три состојки кои служат за превенција од висок крвен притисок – калиум, фолна киселина и магнезиум. Тие ги регулираат и неутрализираат ензимите кои го зголемуваат притисокот, пишува порталот „Ридерс Дајџест”.