СПОДЕЛИ ЗА БЕРИЌЕТ: „Исцелител“ – македонски филм кој не смеете да го пропуштите (ВИДЕО)

1039

Во широката лепеза на виртуелен свет неодамна се појави интернет страница насловена „ Исцелител“. Овој онлајн-исцелител нема шанси, а да не го отворите, оти вика „Лек за секоја мака“, па веднаш во низата ја барате сопстваната и лекот за неа. Ова ќе ве иснесмее до солзи. Погледнете ТУКА.

И откако ќе се фатите на јадицата да видите за што точно станува збор доаѓате до моментот дека „Исцелител“ е всушност наш филм. Го режирал младиот режисер Ѓорче Ставрески.

Приказната во филмот говори за механичар од железничко депо, немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа е притиснат од криминалците што си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала, кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

И додека сè уште има такви кои не чуле за ова ремек-дело, тоа си ниже наградички. Па така вклучен во програмата „Балкански преглед“ во Солун, ја освои Наградата на публиката во конкуренција на десет силни и наградувани филмови.

Македонската публика ќе го види филмот на 19 ноември во киното „Милениум“ во 20 часот, на затворањето на „Синедејс“. Во филмот играат актерите Благој Веслинов, Анастас Тановски, Александар Микиќ и др.