СП 2018: Како Хрватска го понижи фаворитот Аргентина? (ФОТО/ВИДЕО)

217

Аргентина претрпе еден од најсрамните порази во својата славна фудбалска историја. Двократните светски шампиони беадекласирани со 0:3 од Хрватска во очекуваниот со огромен интерес судир од групата „Д“ на Мундијалот 2018 и се на пат да отпаднат од Мундијалот 2018.

 

Со еден поен од два натпревари „гаучосите“ имаат минимални шанси да продолжат во следната фаза и во голема мера зависат од исходот на утрешниот натпревар меѓу Исланд и Нигерија.

Анте Ребиќ го отвори резултатот во 53. минута по грешка на голманот Вили Кабаљеро. Лука Модриќ во 80. минута ги доведе до очај Аргентинците, со одличен гол од врвот на шеснаесетникот, а во дополнителното време во листата на стрелците се запиша и Иван Ракитиќ.

Со шест поени по првите два натпревари, „коцкастите“ веќе се во осминафиналето, а импресивната гол разлика од 5:0 кажува сама по себе зошто многумина експерти ги дефинираат како еден од скриените фаворити на првенството.