СП 2018: Меси најплатен, по него Роналдо и Нејмар

423
Mesi

Аргентинскиот репрезентативец и член на „Барселона“, Лионел Меси е најплатен фудбалер според магазинот Форбс. 30-годишниот Меси заработил 111 милиони долари годишно.

За да стигне на првата позиција му помогна новиот договор со каталонскиот клуб, според кој заработува 667.000 долари неделно.

На второ место се наоѓа напаѓачот на Португалија и „Реал Мадрид“, Кристијано Роналдо. Неговиот годишен приход е 108 милиони долари.

На третата позиција е напаѓачот на бразилската репрезентација и играч на ПСЖ, Нејмар, кој заработува 90 милиони долари годишно.