СП 2018: Хрватска ја победи Русија по пенали и се пласираше во полуфинале

530

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по победата над Русија по изведувањето на пенали (1:1 во регуларното време и 2:2 во продолженијата).

Дуелот во Сочи имаше многу интересни моменти и два погодока по 90-тата минута.

Денис Черишев го отвори резултатот во 31-та минута и во 39-тата израмни Андреј Крамариќ.

Во продолжението, Вида постигна гол со глава за „коцкастите“ во 101-та минута, а Марио Фернандез изедначи за „Зборнаја“ во 115-тата минута.

При пеналите, пропусти направија Фјодор Смолов и Марио Фернандез (Русија) и Матео Ковачиќ (Хрватска).

Во полуфиналето, Хрватска ќе се соочи со репрезентацијата на Англија, која претходно ја совлада Шведска со 2:0. Дуелот е на 11 јули на „Лужники“ во Москва.

Другиот полуфинален дуел е помеѓу Белгија и Франција.