Стечајците од ОХИС: Го бараме само она што е наше и заработено

187

Поранешни вработени во АД ОХИС, кој е во стечај, денеска пред Владата повторно протестираа и ги бараа неисплатените плати и придонеси за кои чесно работеле.

Како што најавија, тие по најмалку два дена во неделата, вторник и петок, пред македонската влада од надлежните ќе бараат решение кое веќе неколку пати им било ветено.

Како што истакнаа дел од нив за порталот „Република“ во петокот, како чесни работници го бараат само она што е нивно и заработено, а меѓу нив има луѓе кои се со неиплатени 24 плати и придонеси.