Столтенберг во Скопје, па во Атина

40
Jens_Stoltenberg

Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечерва ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Посетата на Грција на Јенс Столтенберг ја најавија од прес центарот на НАТО, но и од кабинетот на грчкиот премиер.

Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денес и утре ќе биде во Грција, а денес ќе се сретне со Ципрас.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне до францускиот министер за надворешни работи кој е во работна посета на Атина, а во 19 часот по локално време ќе има работна вечера со Столтенберг.