СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ОВА: „Тепачка“ за телефонски броеви кои лесно се помнат

98

На аукција во Обединетите Арапски Емирати е продаден телефонски број со седум седумки (77-77-777) во низа, и тоа за сума од 7.877.777 дирхами (околу 1.750.000 евра).

На наддавањето учествувале повеќе стотици луѓе, и лицитацијата била поприлично жестока. Но, иако непознатиот купувач може да го користи, тој сепак не е сопственик на бројот, оти државната телефонска компанија си го задржува правото да го повлече од употреба кога и да посака.

Со користење на бројот 77-77-777, купувачот добил и двегодишен „дијамантски плус пакет” кој содржи 22.500 минути разговор, 22.500 СМС пораки и 100 гигабајти интернет месечно. Тоа се 12 часа разговор и 725 СМС-и дневно.

На аукцијата се продадени и броевите 77-77-770, 77-77-771, 77-77-772 итн., но секој од нив чини „само“ по неколку стотици илјади евра.