СТРАВОТНИ СЛИКИ: Циклонот Гита ја уништи Тонга (ФОТО/ВИДЕО)

73

Малата островска држава Тонга во Тихиот Океан е опустошена од тропскиот циклон Гита, кој ги погодил островите минатата ноќ. Во овој крај вакво невреме не се памети дека се случило подолго и од 60 години.

Според медиумите во Нов Зеланд, циклонот бил од четврта категорија, а налетите на ветрот во епицентарот достигнувале брзина од 54 метри во секунда, или над 200 километри на час.

Околу 70 отсто од домовите и објектите во Нуку’Алофа – главниот град на Кралството Тонга, се целосно или делумно урнати. На повеќето места по островите нема струја.

 

Паднати се многу дрва и електрични столбови.

 

Тонга се состои од околу 170 острови, оддалечени еден од друг десетици и стотици километри во југозападниот дел на Тихиот Океан, со вкупна површина од околу 750 километри квадратни и со население од 107.000 лица. Повеќе од 70 отсто од населението живее на главниот остров Тонгатапу, кој најмногу е погоден од невремето.

За жртви и сериозно поведени лица засега нема информации, но десетици луѓе побарале медицинска помош.

 

Циклонот продолжува да се засилува, се движи кон запад и се очеква оваа ноќ да ги погоди јужните острови на архипелагот Фиџи, но да го избегне главниот град Сува и големите градови рапоредени на северните острови.