СТРАШНИ ФОТОГРАФИИ ОД КАЛИФОРНИЈА: Бурата однесе најмалку 17 човечки животи

207

Најмалку 17 лица го загубија животот, а уште 13 луѓе се водат како исчезнати, од лизгања на земјишта предизвикани од зимската бура во Калифорнија. Бројот на жртвите постојано расте, соопшти шерифот на округот Санта Барбара Бил Браун кој додаде дека во лизгањата на земјиштата се уништени 100 семејни куќи.

 

Налозите за евакуација на населението се издадени во понеделникот, бидејќи метеоролозите прогнозирале покренување на лизгања на брдата каде досега најголемите пожари беснееја во Калифорнија минатиот месец, уништувајќи ги тамошните растенија.

Првата голема бура оваа сезона донела во поголем дел од Калифорнија силни ветрови и бурно невреме, а рекордни дождови се забележани во заливост Сан Франциско.

 

Метеоролозите издале предупредување на поплави и прогнозирале дека студениот бран со силни ветрови би можел да донесе голема количина дожд во Лос Анџелес отколку што паднале во последните десет месеци вкупно.