САД: Страшната бура однесе четири животи

85

Бура ги зафати САД, предизвикувајќи најмалку четири смртни случаи во сообраќајни и други несреќи. Во јужната држава Луизијана две лица загинаа, меѓу кои и двегодишно девојче, кога големо дрво се урна под налети на силниот ветер и падна врз куќарка.

Погоре на север, во државата Висконсин паднале 45 сантиметри снег, додека на езерото Мичиген брановите достигнуваат над пет метри.