Струмица и Ново Село со здружени сили за семејство на кое му е потребна помош

72

Општина Струмица и oпштина Ново Село заеднички ќе му помогнат на четиричленото семејство Доневи од селото Дражево, кое живее во исклучително тешки услови.

Ваква одлука донесоа градоначалниците Коста Јаневски и Боро Стојчев по заедничката средба што се одржа во Струмица, а на која присуствуваа и претставници на Здружението „Љубезност“, кое континуирано го помага семејството.

Двајцата градоначалници ја потврдиле желбата за помош и ги рагледале сите можности за да му се помогне на семејството конкретно со решавање на станбеното прашање. Тоа е најголем проблем за Доневи, бидејќи живеат во трошна куќа која се распаѓа и без основни услови за живот.