ТАА Е МАНИЈАК ВО КРЕВЕТ: Кит Урбан ја опеа Никол Кидман (ВИДЕО)

293

Римата излегла сосема случајно, стихот бил забележан, а подоцна станал и дел од песната
Австралискиот музичар и текстописец Кит Урбан јавно пред сите ја нарекол својата сопруга Никол Кидман „манијак во кревет“!

Имено, по 13 години брак, Кит одлучил да и’ посвети песна на славната актерка, која го носи името „Близнаци“, според хороскопскиот знак во кој е родена Никол.

Интересно е тоа како настанале стиховите за песната. Кога една соработничка побарала од музичарот да ја опише Никол, тој рекол дека актерката е „манијак во кревет, но мудрица во глава“. Римата „maniac in bed, brainiac in bed“ испаднала сосем случајно, стихот бил забележан и подоцна станал дел од песната.