Тасевски до СДСМ: Крајот ви е тука некаде, го трчате последниот круг, веќе никогаш нема да дојдете на власт

235

Актерот и поранешен директор на Драмски театар, Сашо Тасевски преку социјалните мрежи и порача на акуелната власт дека и се ближи крајот.

-Мала споредба. ВМРО беа опасни. Вие сте идиоти. Вмро ги урнаа оние од Калето, инаку уште ќе беа на власт. Вие сами се уривате. Божем чекате датум и оп, пред одлуката за датумот, нови скандали со ваши функционери фатени во мито, во правење злоупотреби, па тука фрчат оставки, ѓоа еве, веднаш реагираме и чистиме. Каде во Европа со такви имбецили? Каде со тие разузнавачи и кодоши од титово време? Оставка дале. А затвор за мито, кога? Додуша онаа зашеќерената нема ни намера да даде оставка, таа е решена до крај да прета. Она е недопирлива.
Е па крајот ви е тука некаде. Го трчате последниот круг. Ај па утре може пак ќе се очовечите и пак ќе поздравувате познаници на улица. Може пак ќе побарате рака во борбата за власт… Власт? Веќе никогаш нема да дојдете на власт. Никогаш. Ова слободно спелувајте го, за полесно да ви влезе… У меморија, пишува тасевски на Фејсбук.