Тахири покажа документ дека не е вмешан во трговијата со дрога

71

Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, ги отфрли обвнувањата за негова вмешаност во трговија со дрога. Искажувајќи подготвеност да ја расветли вистината на обвинувањата да се соочи со правдата, Тахири, на денешната прес- -конференција, пред новинарите покажа документ од Обвинителството на Катанија, со кој се потврдува дека не е виновен.

– Јас денеска сум обичен граѓанин и за 48 часови го обезбедив овој документ од Обвнителството на Катанија каде пишува: Кога станува збор за лицето Саимир Башким Тахири не постои ни денес ни претходно кривична пријава. Значи, кога Обвнтелството на Катанија, кое четири години водело трага околу спомената крминална група не открило никаква поврзаност со мене за да покрене кривична пријава, како е можно нашето обвнителство да почне постапка против мене,како може нашето обвинителство за 48 часови со некакви листови објавени на медиумте да бара мое апсење?- изјави Тахири.

Тахири, кој е пратеник од редовите на Социјалистичката партија, ја отфрли можноста тој да биде „Саимир“ од прислушуваните разговори на шверцерите на дрога.

– Толку ли му беше тешко на нашето обвнителство да го побара овој документ?Толку ли му беше тешко да разбере дека оној Саимир кој се споменува во разговорите не сум јас?- праша Тахири.

Според него лажни се и обидите на Обвинителството кога станува збор за употребата на неговиот автомобил.

– Обвинителството знае дека јас барав истрага за мојот автомобил во 2015 година и на тој план ништо нема направено. Денеска побарав преку мојот адвокат Обвинителството за тешки кривични дела да спроведе интензивна истрага за мене. Сакам вистината да излезе на виделина, не сакам заштита од никого и сум подготвен да се соочам со секого- посочи Тахири.

Тој го отфрли како неточно и обвнувањето на екс- премиерот Сали Бериша дека носи очила вредни пет илјади евра „подарок“ од шверцерите.

Инаку, како што објави албанското обвнтелство од италјанскте власти добило документи и транскрипти на 400 страници од прислушувани разговори, од кои произлегува дека неколку блиски соработници на албанскиот премиер Еди Рама, меѓу кои и Саимир Тахири, биле вклучени во шврец на марихуана.

На една од снимките на телефонскте разговори соговорник на лицето Саимир му ветувал 50.000 евра за „да замижи“, кога големо количество мархуана требало да биде префрлено од Албанија за Италија.

Предавањето на транскриптите на албанските власти уследило откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за борба против трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапсила Моиси Хабилај, кого албанските медиуми го нарекуваат „балкански Пабло Ескобар“.

Обвнтелството за тешки кривични дела во Тирана, побара на Тахири да му се одземе пратеничкиот имунитет, на што се спротивставија неговите сопартијци. Опозцијата обвни дека на тој начин премиерот Еди Рама настојува да добие во време и да ги „избрише доказите“ за негова и на други министри, вмешаност во криминал.