ТАЈЛАНД: Спасено уште едно дете, останаа уште седум во пештерата (ВИДЕО)

400

Спасувачките екипи во Тајланд денеска извадија уште едно од 12-те деца кои заедно со нивниот инструктор по фудбал беа заглавени во поплавена пештера. Со ова, бројот на деца спасени од пештерата се искачи на пет.

 

Очевидци јавија дека амбулантно возило се приближило до влезот на пештерата, и дека се видело како се изнесува личност прекриена со зелени ќебиња, по што спасувачите потврдија дека уште едно дете е извлечено.

Засега нема информации за неговата здравствена состојба.

Спасувачите во провинцијата Чианг Раи на северот на Тајланд влегуваат во пештерата со шишиња кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни премини долги неколку километри. Спасувачката акција е комплицирана од тоа што дел од децата се непливачи, и мораа да бидат обучувани од страна на тајландски и странски нуркачи пред да се направи обидот за нивно спасување.