Телото најдено во Вардар е на исчезнатата жена од Драчево

736
Policija

Телото на Д.П. (38) од Драчево, која беше исчезната, беше извадено вчера околу 13 часот од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.

Даниела П. Беше прогласена за исчезната на 11 февруари, кога во полициската станица во Драчево случајот беше пријавен од нејзиниот сопруг.