ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ: Автобус на ЈСП удрил во пешак

400
soobrakajka

Во сообраќајка на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје која се случила вчера на 12.03.2019 во 14:15 часот тешко е повреден пешак.

Автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.