ТЕШКО ОБВИНЕНИЕ ЗА ПОКОЈНИОТ МУЗИЧАР ОД ПРОДУЦЕНТОТ: Мајкл Џексон правел плагијати?

49

Познатиот музички продуцент Квинси Џонс, кој стои зад повеќе успеси на Мајкл Џексон, го обвини дека неколку негови песни, како што е „Billie Jean”, се плагијати.

– Не сакам за тоа да говорам јавно, но Мајкл украде многу нешта. И, украде многу песни, рече 84-годишниот продуцент кој соработувал со покојниот „крал на попот“ на неговите албуми „Thriller” и „Bad”.

Џонс натаму посочи и на сличности меѓу „Billie Jean” и песната на диско-кралицата Дона Самер – „State of Independence”, којашто беше објавена неколку месеци пред евергринот на Џексон.

Обете песни ги продуцирал Џонс.

Тој го обвинувва Џексон, кој почина во 2009 година, за „скржавост”, оти одбил да го кредитира Грег Филингејнс кога го подготвувал хитот „Don’t Stop ‘Til You Get Enough”. Филингејнс свирел клавијатури за песната „Thriller“.