Томиќ преку Антиќ ја скрши таблата со забивање (ВИДЕО)

111

Натпреварот од 25.коло помеѓу „Барселона„ и „Црвена Звезда“, освен по високиот пораз на српскиот шампион со 34 поени разлика (88:54), ќе остане запаметен и по прекинот од 15-минути за менување на таблата.

Кошаркарот на „Барселона“ Анте Томиќ по асистенција на Рибас тргна кон кошот на „црвено-белите“ и со забивање преку Перо Антиќ ја скрши таблата.