Томи Хилфигер: Ќе дизајнираме колекција за хендикепирани лица

300

Американскиот бренд „Томи Хилфигер“ најави дека ќе дизајнираат облека за луѓе со инвалидитет. Со цел да им го олеснат животот на оваа група на луѓе, а и да докажат дека и во модниот свет се мисли на нив тие дошле до оваа брилијантна идеја. 

Тие ќе направат приспособлива линија, која ќе има рабови и отвори што ќе можат да се подесуваат, а исто така ќе имаат копчиња или патенти на магнет, со што на оние што се грижат за лицата со инвалидитет ќе им биде поедноставен начинот на облекување на горните делови. Кога се панталоните во прашање, и тие ќе имаат механизми на магнет, а ногавиците ќе можат да се приспособуваат на зацврстувачите за нозе на помагалата.

Од модната компанија открија дека машката линија ќе содржи 37, додека женската 34 комбинации.

„На овој начин сакаме да ја помогнеме демократизацијата на модата“, велат од „Томи Хилфигер“.

Модните критичари веднаш пристапија со подршка за оваа идеја.