„Тојота“ се откажува од дизелот

137

Јапонскикот автомобилски гигант „Тојота“ најави целосен прекин на продажбата на дизел автомобили во Европа веќе од оваа година.

– Во 2018 година во нашите патнички автомобили ќе биде укинат дизелот, иозјави Јохан ван Зил, прв човек на „Тојота“ за Европа.

Тој објасни дека „Тојота“ не планира да развива нови дизел технологии за патнички автомобили и дека нивниот фокус ќе бидат хибридни возила.

Европски престолнини како Париз најавија забрана за дизел автомобили, а Врховниот германски суд отвори пат за сите кои сакаат да забранат стари дизелаши на своите улици.