ТРАДИЦИОНАЛНОТО ВО НОВО РУВО: Нова колекција на модната дизајнерка Евгенија Зафировска (ФОТО)

260

Смирено, урбано, уникатно, дизајнерско (со акцент), префинето,  елегантно…можам да наредам уште многу зборови кога се работи за новата колекција на нашата дизајнерка Евгенија Зафировска, но ќе ви оставам простор сами да си ја доживете докрај.

Овој пат таа нè сатава на релација помеѓу она што го гледаме и она што го знаеме. А што всушност знаеме за она што го носиме на себе освен составот суптилно втиснат на некој од рабовите на облеката, ако воопшто сме од оние што го забележуваат тоа!? И за што друго сме сме свесни освен за бојата и кројот кој сметаме дека се соодветни за нас!? Ја чувствуаме ли душата на облеката додека ја носиме? Парче душа која дизјанерот  ја оставил на таа  ткаенина, а јас  толку многу душа видов во овие прочистени материјали од кои Ена направила безвременски креации.

Возобновувајќи ја традиционалната техника потпомогната со нови стилови на изразување таа прави преплет на подзаборавениот и модерн стил. Впрочем тоа во последниов период е нејизниот нов метод на создавање.

Се забележуваат плетки од срма, така вметнати на соодветниот дел кој му дава живот на навидум едноставниот крој. Токму тие мали детали кои секогаш оваа дизјанерка умее да ги „закачи“ онаму каде што треба ја прават креацијата посебна.

Без многу принтови, со неколку етно-везови кои за миг нè враќаат на прагот од некоја селска куќа во минатото, а така вешто сместени на овој елитен модерен експресно брз 21. воз  од столетието.

Таа чинам никогаш не експериментира со кроевите, толку црвсто се држи на својот начин на презентација на формата така што во тој поглед не може да погреши. Се чини како да сака да ни каже дека од секое парче може да се направи нослива комбинација ако се знае што се сака.

„Колекцијата е инспирирана од инсталационата уметност, ја нагласува одржливоста, занаетчиството и естетиката. Инсталационата уметност е жанр на тридимензионални дела, кои често се специфични за локацијата и се дизајнирани да ја трансформираат перцепцијата на просторот“, ќе објасни Зафировска.

Нуди впечатливост, дава идеја и иснпирира да се носат дизјанерски парчиња. Уживајте во најновата колекција на Евгенија Зафировска низ фотографија.