Трамп го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон

180

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени државниот секретар Рекс Тилерсон. На местото на Тилерсон е именуван шефот на ЦИА, Мајкл Помпео.

Смената во тимот на Трамп се случува пред почетокот на преговорите со Северна Кореја.

На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор

– Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“.