Трамп ѝ платил платил 130.000 долари на порно ѕвезда за да ја спречи да зборува за нивниот сексуален однос

307
Tramp_neverstvo_porno_akterka

Поранешна актерка во филмови за возрасни Стефани Клифорд, позната по псевдонимот Сторми Дениелс, добила 130.000 долари за да не открива во јавноста детали од нејзината врска со Доналд Трамп, објави „Волстрит Џурнал“

Клифорд почнала да зборува со „Еј-Би-Си Њуз“ есента 2016 година за приказна за нејзината наводна врска со Трамп. Сепак, таа се договорила за исплатата од 130.000 долари еден месец пред изборите во ноември, па поради тоа приказната не излегла во јавност.

Долгогодишниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, ја организирал исплатата преку адвокатот на порно актерката, Кит Дејвидсон, открива „Џурнал“.
Белата куќа ги негираше информациите, наведувајќи дека тие се „стари и рециклирани информации, кои биле објавени и демантирани пред изборите“.

Коен, исто така, не сакаше да коментира за неговата вмешаност во договорот, велејќи дека Трамп веќе ги негирал ваквите наводи.

Меѓутоа, според пишувањето на „Волстрит Џурнал“ советничкиот тим на Клифорд се заканил дека ќе се откаже од договорот, со образложение дека парите не биле платени на начин како што било претходно утврдено.

Таа во 2006-та година на социјалните мрежи објави фотографија со Трамп.

Трамп веќе е обвинет од група жени за сексуално вознемирување и злоупотреба, што американскиот претседател исто така го демантираше.