Тричковски продолжува со навреди: Пи*ка ви м*јчина…

11202

Откако предизвика силни критики во јавноста за својот говор на омраза колумнистот на „Слободен печат“ Бранко Тричковски им одговори на луѓето кои го критикуваа неговиот статус на ФБ, кој гласеше: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!“

„Задоволсто ми е кога ќе видам дека македонските пиранчиња, вооружени со ситните заби на својата традиционална глупавост, се препелкаат во мрежата на некој мој статус. Таа малограѓанска пираноманија во настапите со некаква морална поука. Никогаш не би јадел од нивниот хумус. Бљак. Боље мртов него со коронаглупвирус во себе. Марш од мојот ѕид, пичка ви лепа материна глупантропска“, напиша Тричковски во нов коментар под својот антисемитски статус.

Македонската асоцијација на новинари, ВМРО-ДПМНЕ и многу поединци го осудија говорот на омраза на Тричковски и побараа реакција на органите на прогонот, додека СДСМ без да го спомене осуди говор на омраза.

Молчи и здружението на новинари на Македонија.