ТРИ И ПОЛ МЕТРИ ДОЛГ ОПАШ: Пејачката Симона Поповска блесна во венчаница со потпис на Златко Јовановски (ФОТО)

8633

Поп пејачката Симона Поповска минатиот викенд правеше свадба. Најестравагандниот дизјанер од македонската модна сцена Златко Јовановски ѝ ја направи преубавата венчаница. Тие досега соработувале неколку пати, па и не е чудно што токму тој го дизјанираше фустанот.

-Беше задоволство да се дизајнира за Симона, но и голем предизвик затоа што ние многу пати сме соработувале заедно за низа големи проекти, настапи и фотосесии па од една страна е полесно, бидејки кога дизајнирате за некој кој го познавате лично и приватно е полесно, но од друга страна беше за мене и притисок бидејки сега од мене односно од нас се очекуваше најмногу! Но сега кога ги гледам сликите – ја постигнавме целта, вели Јовановски за РипостМК.

Симона носеше дводелен невестински фустан изработен од специјални материјали нарачани од надвор. Дизајнерот користел мат-сатен како основа, единствено тоа било шиено на машина, сите детали биле рачно везени, што бара многу напорна работа, па го прашавме колку време му требаше за да ја направи креацијата.

– Колку време?! Мххм – Многу! 🙂 Искрено ние зборуваме уште пред нова година околу венчаницата, но официјално почнавме да ја изработуваме пред три месеци.Фустаните како крој би излажал ако кажам дека долго ги правевме, но од друга страна пак оставивме некој два месеци за везењето на украсите и деталите. Морам да додадам дека сите чипки беа рачно аплицирани, ниту еден орнамент на венчаницата не е случајно таму.
Како основа користев мат сатен со текстура што и беше единствен материјал кој е сошиен на машина, се другото беше рачно везено. Јас и мојот тим мислевме дека нема да има крај рачната работа бидејки широката венчаница имаше шлеп долг 3.50m , на неа беа везени краевите во кордонска бурдура а на задниот дел два вида на чипки со провидни монистри. На фустанот сирена крој пак, беа везени чипки со стаклени монистри и шлепот беше во форма на детелина. На него имаше 12м бурдура која рачно ја полневме со 4 вида на монистри, вели тој.

За венчаницата да изгледа богато Јовановски додава дека биле искористени шест метри еден вид на чипка, три метри на друга чипка, 11 метри чипка без флорални орнаменти, четири метри висока бурдура со стакла, 12 метри бурдура која ние ја полневме со монистри и бисери и 14 метри чипка од свилен конец за велот. Дури позади и копчињата биле природни бисери.

Симона ја круниса љубовта со бизнисменот Кристијан Сињори. Тие пред една година се верија, а во врска се од 2015 г.